Македонија економски најслободна на Балканот

Bez autora
Jan 13 2011

Македонија е на 55-то место на Индексот за економски слободи во 2011 година со вкупна оцена од 66 поени со што земјата с` уште е означена како „умерено слободна економија“. Иако оценката во споредба со лани е зголемена за само 0,3 процентни поени, Македонија годинава на листата е пред сите останати земји од Балканот. Индексот на економски слободи го подготвува фондацијата „Херитиџ“ во соработка со дневниот весник „Волстрит џурнал. Според извештајот на фондацијата, кој се објави вчера, овој пораст е направен благодарение на подобрувањето на борбата против корупцијата и монетарните слободи. Македонија е на 23-то место од вкупно 43 земји од Европа кои се на листата на Индексот.

Македонија економски најслободна на БалканотМакедонија е на 55-то место на Индексот за економски слободи во 2011 година со вкупна оцена од 66 поени со што земјата с` уште е означена како „умерено слободна економија“.

Иако оценката во споредба со лани е зголемена за само 0,3 процентни поени, Македонија годинава на листата е пред сите останати земји од Балканот. Индексот на економски слободи го подготвува фондацијата „Херитиџ“ во соработка со дневниот весник „Волстрит џурнал.

Според извештајот на фондацијата, кој се објави вчера, овој пораст е направен благодарение на подобрувањето на борбата против корупцијата и монетарните слободи. Македонија е на 23-то место од вкупно 43 земји од Европа кои се на листата на Индексот.

- Со тоа, Македонија е над светскиот просек, монетарната стабилност релативно добро се одржува, а банкарскиот сектор релативно добро ја поднесе глобалната финансиска криза - се вели во извештајот за Македонија.

Оттаму потенцираат оти земјата направила значајни реформи во повеќе аспекти, како на пример конкурентниот рамен данок и растечкиот финансиски сектор кој поттикнува пораст на кредитирањето на приватниот сектор. Во извештајот се предупредува оти постојат структурални ограничувања во развојот на поразигран приватен сектор. Од фондацијата „Херитиџ“ потенцираат оти с` уште високото ниво на корупција ја ограничува иноватиноста во бизнисот, а релативно високото ниво на владина потрошувачка го задушува долгорочниот динамичен економски пораст.

На листата, под Македонија се најдоа сите земји од соседството, меѓу кои Бугарија е на 60-то место, Романија на 63-то, Словенија на 66-то, Турција на 67-то, Албанија на 70-то, Црна Гора на 76-то, Хрватска на 82-то, Грција на 88-то, Србија на 101-то, а БиХ на 104-то место на листата.

Земено поединечно, Индексот опфаќа 10 категории од кои Македонија бележи пад на слободите во три од нив, пораст во четири, а во останатите три категории без промена во споредба со лани. Падот е забележан во бизнис-слободите од -0,6 процентни поени, во владината потрошувачка од -1,6 поени и во слободата на работната сила за -3,4 поени. Пораст во споредба со лани Македонија бележи во категоријата слободна трговија и тоа од 0,3 поени, потоа во фискалните слободи за 0,7 и во монетарните слободи за 5,5 процентни поени. Нема никакви промени во категориите инвестициски, финансиски и сопственичките слободи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik